Македонските фанови може да купуваат билети за мечот со Португалија по цена од 820 денари!

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја објави постапката за купување билети за баражот за пласман на СП 2022 меѓу Португалија и Македонија кој се игра на 29. март со почеток од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто.

„Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети започнува со продажба на билети за плејоф натпреварот Португалија – Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022“ – објави ФФМ.

Билетите за натпреварот кој ќе се одигра на 29. март во Порто, Португалија чинат по 820 денари, а може да се купат на следниот линк:

https://mktickets.mk/event/por-mkd/

Согласно регулативите на УЕФА, за македонските навивачи треба да бидат резервирани 5% од капацитетот на „Драгао“, кој изнесува 50.000 седишта, или околу 2.500 билети за македонските навивачи.

Се вчитува...