Македонските клубови ги дознаа можните противници во 1. коло од евроквалификациите

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ги доби можните ривали во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Тетовци во првата рунда може да се сретнат со Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) и ТНС (Велс).

Македонските фудбалски клубови кои што ќе настапат во Конференциската лига на УЕФА (Вардар, Работнички и Силекс) исто така ги добија можните противници во првото квалификациско коло.

Шампионот во Купот на Македонија, Вардар, во првата рунда можен противник може да има во името на Дуделанж (Луксембург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Флорита (Сан Марино).

Работнички за можни ривали ги има Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо (Белорусија) и Борац (Босна и Херцеговина).

Силекс ќе се сретне со еден од овие клубови: Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечичи (Црна Гора) и Урату (Ерменија).

Се вчитува...