Македонија без сомнение зад себе го остави најуспешното лето кога се во прашање квалификациите за двете европски клупски натпреварувања. Четирите македонски претставници на европската сцена заработија вкупна сума од околу 5,2 милиони евра кои ги доделува УЕФА врз основа на успешноста од настапите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Секако, најголемиот процент од таа сума припаѓа на Вардар кој се пласираше во групите од Лигата на Европа. „Вардарци“ по настапите во квалификациите за ЛШ и ЛЕ и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа заработија вкупна сума од 3,6 милиони евра.
Шкендија на своето конто од европските настапи ќе дополни 920.000 евра, а Работнички за пласманот во втората рунда натпревари од Лигата на Европа ќе добие 450.000 евра.
Пелистер, пак, за самиот настап во квалификациите за ЛЕ, откако испадна уште во првата рунда натпревари, ќе добие 215.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА