Во медиа центарот во Гдиња се зборува само македонски. Медиумите од нашата земја се и повеќе од доминантни кога е бројноста во прашање. Не има 12 на број, наспроти само двајца колеги од Шпанија. Така што, пред историскиот прв дуел на Македонија на ЕП, веќе ја победивме Шпанија со 12-2.
Се надеваме дека ќе им тргне и на нашите репрезентативци и дека уште еднаш ќе ја совладаат Шпанија во главната пресметка на теренот на стадионот во Гдиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА