Македонските таеквондисти на Европско првенство во Полска

Македонската таеквондо репрезентација од денеска ги стартува настапите на Европското првенство за млади сениори кое ќе се одржува во Варшава, Полска.

Македонската селекција предводена од претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор Борче Костовски ќе настапи во следниот состав: Дејан Георгиевски (+87 кг, ТК Бутел), Филип Додевски (-80 кг, ТК Бутел), Костадин Георгиевски (-74 кг, ТК Бутел), Христијан Спасовски (-68 кг, ТК Академија Анастасов), Иван Крстевски (-63 кг, ТК Бутел), Анамарија Георгиевска  (–62 кг, ТК Бутел).

„Најголеми наши очекувања се од Дејан Георгиевски, кој е европски шампион од 2017 година. Тука се и балканските сениорски медалисти Филип Додевски и Костадин Георгиевски, одличните Иван и Христијан, и да не ја заборавике актуелната носителка на бронзата од Светското првенство за јуниори, Анамарија која, иако има само 17 години очекуваме успешен настап“ – вели селекторот Костовски пред настапот на ЕП.

Се вчитува...