Maкедонските таеквондисти со десет медали од Балканското првенство

Репрезентативците на Македонија во таеквондо имаа одличен настап на Балканското првенство за кадети и јуниори во Дупница, Бугарија каде успеаја да освојат дури десет медали.

Македонија на овој шампионат се закити со четири злата, едно сребро и пет бронзени медали.

Освојувачи на медали за Македонија на Балканско првенство:

Христијан Симоновски (ТК Младост) Златен Медал Јуниори -68 кг
4 победи
Ведрана Тунески (ТК Бутел) Златен Медал Кадети -47 4 победи
Ненад Целески (Хваранг фист) златен медал Јуниори +78кг
3 победи
Антонио Негријевски (ТК Младост) Сребрен медал Јуниори -45
1 победа
Михо Ангелевски (ТК Корио) Бронзен медал Јуниори -63
Александар Ангеловски (ТК Корио) Бронзен медал Јуниори -48
Андреа Ѓорѓевска (ТК Младост) Бронзен медал Кадет -41 кг
2 победи
Дамјан Василевски (Хваранг Фист) Бронзен медал Јуниори -45 трето место
Лука Крстевски (ТК Поомсе) Бронзен медал Кадети +65
Ана Стојменовиќ (ТК Бутел) Бронзен медал Кадети -40

Се вчитува...