Македонските таленти ќе учат пингпонг со помош на светската велесила во овој спорт, Кина!

Претседателот на Пингпонгарска федерација на Македонија, Славко Пројкоски и членот на Управниот одбор Горан Тиловски имаа работна средба со Амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, госпоѓа Џијанг Сјаојан. Потврдена соработка, размена на знаење, развој на пингпонгот во Македонија се заклучоците од средбата со новата Амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.

Работната средба опфати разговори за зајакнување на соработката помеѓу двете држави на полето на пинг понгот со посебен фокус на: заеднички проекти, програми за млади таленти и размена на експертиза за тренери.

Се разговараше и за изнаоѓање можности за учество на пингпонгари и тренери во форма на студиски посети на Кина.

Соработката ќе продолжи за поголем развој на пинг понгот во Македонија.

Се вчитува...