Македонските тенисерки го победија Конго во Фед купот

Македонските тенисерки триумфално го отворија учеството во Фед купот. Македонија славеше со вкупни 3-0 против Конго во Хелсинки, Финска.

Првиот триумф за Македонија го донесе Магдалена Стоилковска. Таа со 2-0 во сетови (6-2, 6-3), славеше против Глори Мфумангана. Во вториот меч Лина Ѓорческа беше супериорна против Виктори Мфумангана и победи со 6-0, 6-1.

Тандемот Ѓорческа/Стоилковска успеа да слави против Глори/Виктори со 2-0 во сетови (6-4, 6-0) за трет поен во пресметката.

Македонските тенисерки во второто коло утре ќе играат против Косово.

Се вчитува...