Македонските веслачи со три освоени медали од регатата во Пловдив, Бугарија

Во организација на Веслачката федерација на Македонија, веслачките клубови Југ од Охрид и Црн Дрим од Струга учествуваа на меѓународната веслачка регата „Пловдив 2017“ во соседна Бугарија на која учествуваат голем број клубови од Бугарија, Романија, Турција, Унгарија, Србија и Македонија.

veslanje 2

Македонските веслачи натпреварувањето го завршија со три освоени медали, од кои Марјан Николоски од ВК Црн Дрим – Струга се закити со сребро во дисциплината Скиф-сениори. Ксенија Краљевска (ВК Црн Дрим – Струга) освои бронзен медал во дисциплината мешани двојки „дубл скул“, а со бронза се закити и Магдалена Карамитреска (ВК Црн Дрим – Струга) во дисциплината скиф јуниорки.

veslanje 3Марио Јованоски  од ВК Црн Дрим-Струга доби награда за најперспективен тренер.

Посебно признание за особени заслуги за развој на овој спорт во нашата земја, но и на Балканот, доби и претседателот на Веслачката федерација на Македониа, Здравко Голабоски.

Се вчитува...