Утринска пресметка на МЗТ и Работнички: Македонско вечно дерби со сараевски „шмек“

Последниот натпревар од првата рунда на „балонот“ во Сараево ќе го одбележат македонските вечни ривали, МЗТ Скопје и Работнички кои силите ќе си ги одмерат со почеток од 11 часот.

Двата тима во овој дуел влегуваат со промени во своите табори па ќе биде интересено да видиме како ќе функционираат екипите на денешната средба. Работнички веќе одигра еден натпревар со новата „тројка“, додека за МЗТ Скопје се уште нема дебитирано новото засилување Френк Тарнер.

Овој дуел е од голема важност за аеродромци и центари во обид да се фати учинок при врвот на табелата. „Сино-белите“ моментално се наоѓаат на седмата позиција на табелата со скор од четири победи и три порази, додека „црвено-белите“ по пропуштањето на средбите на „балонот“ во Бања Лука, се заковани на дното на табелата со скор 2-5.

„МЗТ Скопје е тим кој на секој натпревар оди на победа. Нема лесен противник, но одиме натпревар по натпревар и мора да го дадеме максимумот за да издвојуваме што повеќе победи. Добро е за македонската кошарка што има два тима кои се натпреваруваат во регионалното првенство. Со оглед на тоа што на двете екипи им е потребна победа за место во плејофот, сигурно ни претстои голема борба и неизвесен натпревар“ – изјави за ЕКИПА, бекот на „штрковите“, Андреј Магдевски.

Се вчитува...