Македонското трио го врати Феризај во елитата

Тројца македонски интернационалци се најзаслужни што тимот на Феризај по само една година во косовската Втора лига експресно успеа да се врати во елитното друштво.

Филип Глигоров со шест погодоци беше меѓу најзаслужните за одличната сезона на Феризај, исто како и голманот Марко Јовановски и играчот за врска Ристе Темелков, кои дадоа свој значаен придонес за камбекот на овој клуб во првата лига.

Тимот на Феризај во последното коло загуби од Вуштрија, но резултатот на овој меч не беше важен бидејќи уште претходниот викенд беше осигуран пласманот во елитата.

По завршувањето на натпреварот беа доделени пехарот и медалите за фудбалерите на Феризај, а македонските интернационалци не го криеја задоволството од остварениот успех.

Се вчитува...