Македонското знаме гордо развиорено на отворањето на Медитеранските игри во Таранто

Македонските спортисти со гордост го развиорија македонското знаме на свеченото отворање на Медитеранските игри во Таранто.

Честа да ја предводат делегацијата им припадна на таеквондистот Дејан Георгиевски и ракометарката Леона Миленкоска, кои го носеа македонското знаме на церемонијата.

Македонија на овогодинешните Игри ќе настапи во 19 од вкупно 33 спортови, со претставници во голем број индивидуални и екипни дисциплини.

Во екипните спортови, македонските бои ќе ги бранат женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката селекција во баскет 3х3, како и фудбалската репрезентација до 21 година.

Во Таранто отпатува најбројната македонска делегација во историјата на Медитеранските игри – вкупно 130 членови, од кои 90 се спортисти.

Се вчитува...