Македонското знаме се развиори во Пјонгчанг… Македонија по седми пат на ЗОИ (ВИДЕО + ФОТО)

Македонското знаме од рацете на нордиецот Ставре Јада се развиори во Пјонгчанг, Јужна Кореја, на церемонијата на свеченото отворање на 23. Зимски олимписки игри.

Македонија по седми пат учествува на ЗОИ, по она наше деби во Лилехамер 1994 година. Сега Македонија ќе биде меѓу уште 91 земја, со своите тројца претставници – покрај Ставре Јада и Антонио Ристевски и Викторија Тодоровска кои денеска продефилираа во Пјонгчанг…

Пјонгчанг е најмалиот град-домаќин на Зимски олимписки игри со околу 43.000 жители, по Лилехамер, Норвешка, кој беше домаќин на Игрите во 1994 година.

Јужна Кореја за првпат ќе биде домаќин на Зимски олимписки игри. На ЗОИ во Пјонгчанг ќе учествуваат  рекордни 2.952 олимпијци од, исто така, рекорден број земји – 92!

Се вчитува...