МАКЕДОНЦИТЕ „КИНАТ“ БОДОВИ НА ГИГАНТИТЕ ВО ЛА ЛИГА: Столе „мајстор“ за бранење, Енис за давање пенали!

Ла Лига во последните два дена е во знакот на македонските фудбалери кои играат во првенството. И Столе Димитриевски и Енис Барди беа во главни улоги во своите тимови во дуелот со „гигантите“.

Најпрво Рајо Ваљекано во дуелот со Барселона влезе како аутсајдер. И се закануваше победата да „избега“, но ја „одбрани“ Столе Димитриевски со пеналот на Депај. Столе во изјава за ЕКИПА кажа дека знаел дека ќе му го одбрани пеналот. На крајот му го побарал и дресот, а ма не го добил поради нервоза.

Следниот ден и уште еден блесок на Македонецот. Енис Барди со шампионот донесе бод за Леванте. Играчот од средниот ред со два пенали му „скрати“ два бода на Чоло Симеоне. И тој ги загуби нервите па доби црвен картон во текот на мечот.

ФОТОМОНТАЖА: ЕКИПА

Се вчитува...