Македонците „кошмар“ за Милан: Пандев три пати, Несторовски, Елмас… (ВИДЕО)

Милан има „кошмари“ од Македонците кои играат во Серија „А“. Вчерашниот триумф над Милан за Наполи го донесе Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец е трет фудбалер кој погоди против Милан во Серија „А“ од нашата земја. Пред него тоа им успеа на Гранде Горан Пандев, и на Илија Несторовски. Пандев дури три пати го „тресеше“ Милан, и тоа во Интер, Наполи и Џенова. И во сите три наврати неговиот тим не загубил од „росонерите“. Несторовски, пак, погоди во дресот на Палермо, но тогаш неговиот тим беше поразен со 1-2.

Вечно ќе се памети голот на Горан Пандев во јануари 2010 година. Од слободен удар го „реши“ тогашниот голман Дида, и зголеми на 2-0, што беше конечен резултат. Подоцна Пандев ќе ја освои титулата во Италија, но и во Европа, како и италијанскиот Куп. Пандев стрелаше против Милан на „Сан Сиро“ и тоа во 2013 година во дресот на Наполи, кога неговиот тим одигра 1-1. И последен пат Пандев стрелаше минатата година во дрес на Џенова кога погоди за 0-1, а неговиот тим дојде до сензационална победа од 1-2 сред „Сан Сиро“. Тоа значи дека Пандев сите три гола против Милан ги има дадено на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“.

После Пандев, против Милан стрелаше и Несторовски. Нестор во ноември 2016 година го совлада тогашниот голман Донарума, и успеа да израмни на 1-1, но Палермо на крај прими уште еден гол за 1-2, и го загуби натпреварот.

Вчера, пак, Елмас по изведен корнер погоди во мрежата на Мањон, и така донесе победа за Наполи.

Видеата од сите голови на Македонците против Милан во Серија „А“.

Се вчитува...