Македонците расположени за голови: И Кире Ристевски стрелец за Вашаш

Македонските интернационалци денеска повеќе од расположени за голови ширум светските фудбалски терени. По Давид Бабунски, Крсте Велкоски, Муарем Муарем и Езгијан Алиоски, стрелец е и репрезентативниот дефанзивец Кире Ристевски, за својот Вашаш.

Ристевски го постигна својот прв гол во дресот на Вашаш во победата од 0-2 на гостувањето против Мезоковец во чии редови од оваа година настапува уште еден наш стопер, Александар Дамчевски. Ристевски стрелаше во 21. минута во тие моменти за водство од 0-1.

По овој триумф, Вашаш ја продолжува трката за титулата во шампионатот на Унгарија. Сега со 38 бода е на само три бода од водечкиот Видеотон, но има и натпревар помалку од лидерот.

Се вчитува...