„Македонците се најдобри навивачи во свет“

Данскиот ракометар Расмус Бојсен ја посочи „Фалангата“ како најдобра ракометна навивачка група во светот. Иако Македонија доживеа три порази на шампионатот кој го заврши уште во првата рунда, сепак навивачите уште еднаш покажаа како вистински се бодри националниот тим.

„„Навивачите се вратија и беа прекрасни досега. Ракомет без навивачи на трибините не е исто, а моите три најдобри ракометни навивачи на светот се – Македонија, Унгарија, па Хрватска“, напиша Бојсен.

Се вчитува...