Македонците во Бундеслигата ги поделија бодовите

„Македонскиот“ натпревар во 23. коло од германската Бундеслига во кој се сретнаа Штутгарт и Вецлар на Жарко Пешевски и Филип Миркуловски заврши со реми од 26-26. Драмтичниот натпревар траеше до самиот крај, а бод за домаќините донесе Кристијансон со гол на 37 секунди пред крајот.

Македонските интернационаци имаа скромен поентерски ден, но беа успешни во реализацијата. Пешевски погоди во два од три обида, додека Миркуловски го реализираше единствениот обид кон противничкиот гол.

По 23. коло Вецлар останува во игра за следната фаза од натпреварувањето и во моментот се наоѓа на петтото место на табелата со 29 освоени бода, додека Штутгарт е на 15. место со само 12 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...