Македонците во елемент: Три асистенции на Ристовски и Адеми, рутинска победа на Динамо Загреб

Динамо Загреб лесно и убедливо го совлада тимот на Славен Белупо со 3-0, дуел што го одбележаа одличните изданија на македонските интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

„Модрите“ експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз на дербито со Хајдук, уште во првото полувреме постигнувајќи три гола и осигурувајќи ја победите. Сите три погодоци беа на аситенции на македонските репрезентативци, Стефан Ристовски асистираше при првиот гол на Андриќ, во 19. минута Адеми го проигра Оршиќ за 2-0, додека Оршиќ својот втор гол на мечот го постигна на додавање на Ристовски.

Динамо со оваа победа е третопласиран со 34 бода, пет помалку од првопласираниот Осијек, но и два меча помалку од моментниот лидер на табелата во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...