Макелеле: Некои се родени да бидат мега-ѕвезди, јас и Канте сме тука да им помогнеме

Eден од најдобрите поранешни дефанзивни фудбалери од средниот ред, Клод Макелеле, во кратко интервју за официјалниот сајт на Челси, вели дека позицијата која го носи неговото презиме „Макелеле“, треба да се преименува во „Канте“, нагласувајќи го Французинот како негов наследник.

Повеќе од една деценија поранешниот играч на Челси и на Реал Мадрид имаше чест да ја носи титулата „деструктивец“, бидејќи сметаа дека нема подобар од него. Сега двојниот шампион на Англија со Лестер и со Челси, Нголо Канте, сосема заслужено може да го преземе тронот.

„Луѓето зборуваат за позицијата „Макелеле“, но јас сум во пензија, што значи дека треба да се преименува во „Канте“. Тој апсолутно го заслужи тоа, па сега јас на помладите ќе им кажувам дека сум играл на неговата позиција. Тој според мене беше најзаслужен за титулата на Лестер, како што сега сметам дека беше исто толку клучен и за Челси. Некои фудбалери се родени да бидат мега-ѕвезди, а јас и Канте сме тука да им помогнеме да ги остварат соништата“ – истакна 44-годишниот Клод Макелеле.

Се вчитува...