„Макпетрол“ е најдобриот карате клуб на Државното сениорско првенство (ФОТО)

Викендов во Скопје се одржа Државното првенство во карате за сениори(к)и. Во генерален пласман најдобар тим е скопски „Макпетрол“, со вкупно освоени 12 медали од кои пет златни, пет сребрени и две бронзени.

„Макпетролци“ имаа комплетна доминација посебно во женскиот дел дисциплина борби (кумите), освојувајќи пет златни медали. Во финалето во екипна конкуренција борби ја совладаа екипата на Металург.

макпетрол 1

„Металурзите“ на крајот од првенството завршија како второрангирана екипа во генерален пласман.

„Можеме во целост да бидеме задоволни од постигнатиот резултат. Не дозволивме никакви изненадувања во женскиот дел дисциплина борби. Тоа што е карактеристично е дека имаме комплетна доминација во женското македонско карате. покрај првите места кои ги освоивме во четири од вкупно пет тежински категории, сега и второпласираните каратистки во три тежински категории се од нашиот клуб. Овој податок зборува дека следните години ние ќе инвестираме повеќе во девојките. Сите тие се стандардни репрезентативки и европски медалистки и очекуваме некој од нив да се најдат и на повисоки места на ранг листите од Светската карате федерација, за учество на Олимпијадата во Токио 2020 година. Проценката која ја имавме на почетокот на првенството во целост се оствари. единствено во категоријата -75 кг, во натпреварот помеѓу Петар Заборски и Азиз Исмаили, на мислење сме дека беа досудени два поени кои не постоеја. Тие судиски одлуки го променија резултатот така да иако Петар поведе со 1-0, на крајот резултатот заврши 2-3“ – истакна по шампионатот тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Првенството имаше критериумски карактер за избор на сениорската карате репрезентација на Македонија, која треба да настапи на Европското првенство во Турција во мај. Сега преостанува учество на Балканското првенство во Србија и настап на 1 Премиер карате лига во Ротердам, Холандија. По овие натпревари кои ќе завршат комплетно во овој месец, ќе се знае и точно кои каратисти ќе заминат на Европското првенство за сениори во Турција.

Државни шампионки и медалисти од Макпетрол се: 1. Сара Радичевска категорија -50 кг златен медал2. Симона Заборска категорија -55 кг златен медал3. Наташа Стефановска категорија -61 кг златен медал4. Моника Стефановска категорија -68 кг златен медал5. Екипно жени борби (Заборска, Радичевска, сестрите Стефановска Наташа и Моника) – златен медал6. Петар Заборски -75 кг сребрен медал7. Моника Пендаровска -55 кг сребрен медал8. Анѓела Мојсовска -68 кг сребрен медал9. Селена Таушанова +68 кг сребрен медал10 Екипно борби мажи (Заборски, Павлов,Османи,Белокоски,Стојмановиќ,и Јовевски) – сребрен медал11.Сандра Јанева -50 кг бронзен медал12.Анамарија Несторовска – 61 кг бронзен медал

Се вчитува...