Макрон одиграл клучна улога за Мбапе да остане во Париз!?

Емануел Макрон, претседателот на Франција, кој пред нешто повеќе од еден месец доби втор мандат како прв човек на својата земја одиграл клучна улога во задржувањето на Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен и пресвртот што се случи во 48 часа, откако сѐ најавуваше дека француската ѕвезда зачекори на „Сантјаго Бернабеу“.

Мбапе, иако сѐ договори со Реал Мадрид и дал ветување дека ќе дојде во најтрофејниот клуб за да со го оствари детскиот сон да игра во најгламурозниот клуб на светот, се премисли во „пет до 12“ и викендот објави дека останува во Париз до 2025 година.

Според информациите што ги објавија француски медиуми, а и популарниот фудбалски портал „Гол.ком“, Макрон неколкупати директно му се јавувал на Мбапе за да го убеди да остане во Париз, со образложение дека тој е икона на француската престолнина и дека ќе биде централна фигура на градот Париз за Летните Олимписки игри во 2024 година.

Мбапе потпиша нов договор со баснословна и безобразна сума на пари, со кој според најавите ќе добие од ПСЖ пола милијарда евра севкупно за следните три години, со што ќе биде убедливо најплатениот фудбалер на сите времиња.

Поради ова, Ла Лига веќе најави пријава и тужба за „случајот“ до УЕФА за кршење на финансискиот фер-плеј, ама и до француските власти и властите во ЕУ поради „финансиски криминал“.

 

Се вчитува...