Макрон повторно во акција: Зидан пред промоција во ПСЖ!

Пари Сен Жермен заврши одлична работа ова лето откако успеа да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, а во убедувањето да не си оди од Париз учествуваше лично претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Според француските медиуми, тој се вклучил во преговорите на предлог на сопственикот на клубот, принцот од Катар, со кој е деловен партнер. Имајќи предевид дека сопственикот на „светците“ е од Катар, се вели дека во оваа земја е многу важно да покажеш моќ и да го задржиш својот најдобар поединец во клубот.

Сега одново се споменува дека Макрон би можел да учествува во доведувањето на Зинедин Зидан кое е се поизвесно во ПСЖ.

Се очекува наредниве денови Зидан и официјално да биде именуван за нов тренер на ПСЖ…

„Имав можност да разговарам со Мбапе, да, но не влијаев на неговиот избор. Созреа, развива кариера… Не сум разговарал со Зидан, но имам големо воодушевување од него како играч и тренер. Навистина би сакале во Лига 1 да имаме таков спортист и тренер со таков квалитет кој ќе може да ни ги врати пехарите во најголемите купови во светот. Би сакал да дојде поради неговото влијание, да дојде и да тренира голем клуб во Франција. Моја работа е да кажам дека Франција е голема нација за спорт и фудбал и дека публиката овде го сака спортот. Верувам дека Зидан наскоро ќе го преземе ПСЖ“, рече Макрон.

Се вчитува...