Макс Мајер доаѓа во Премиер-лигата

Макс Мајер повеќе од еден месец е слободен играч по истекот на договорот со Шалке, но се чини дека фудбалерот за врска конечно ја избра својата следна дестинација во кариерата.

Тоа ќе биде лондонскиот премиерлигаш Кристал палас, кој му понуди убедливо најдобри финансиски услови на Германецот. Имено, понудата на Палас е петгодишен договор за неверојатни 170.000 фунти неделно, со што Мајер ќе биде и убедливо најплатен фудбалер на оваа екипа, пред Бентеке со 120.000 фунти неделна заработувачка. Тој доаѓа како слободен играч, а лондонскиот клуб ќе плати само 450.000 фунти на Шалк на име на тренинг-компензација.

Кристал Палас веќе го ангажираше и Шеик Кујате од Вест хем, а следен на листата е Џордан Ајув од Свонси. Сепак, се нема многу време бидејќи од годинава преодниот рок завршува пред стартот на сезоната во Премиер-лигата, на 9 август.

Се вчитува...