Филаделфија славеше во драматичниот дуел со Њујорк никс, по продолжение со 112-106, намалувајќи на 3-2 во оваа интересна серија од Источната конференција. Њујорк беше многу блиску до полуфиналето на Истокот откако преку Мекбрајт поведе со 96-90 на помалку од 30 секунди до крајот. Тогаш на сцена стапи Тајриз Макси, погодувајќи седум поени во серија, меѓу нив и тројка од десет метри со која Филаделфија израмни на 97-97 носејќи го мечот во продолженија.
TYRESE MAXEY TIES IT FROM THE LOGO!!!pic.twitter.com/5H5Esjv9JR
— Barstool Sports (@barstoolsports) May 1, 2024
Брансон постигна пет поени во низа за Њујорк на стартот од продолжението, но Филаделфија предводена од Макси одговори со серија од 9-0, ја презеде контролата над резултатот и стигна до голема победа. Макси го заврши мечот со фантастични 46 поени, Ембид стигна до трипл-дабл од 19 поени, 16 скокови и 10 аистенции за Филаделфија, додека кај Њујорк најефиксен беше Брансон со 40 поени.
Кливленд во драматичен меч славеше на домашен терен против Орландо со 104-103, поведувајќи со 3-2 во оваа серија во која на петте средби домашната екипа успева да триумфира. Донован Мичел го предводеше Кливленд со 28 поени, а неколку важни акции во самиот финиш имаше и Мобли, реализирајќи два напада во последните две минути, но и блокада на спротивната страна врз Франц Вагнер во самата завршница.
Од елиминација се спаси и Милвоки, триумфирајќи со 112-95 над Индијана за намалување на предноста на пејсерс на 3-2 во оваа серија. Милвоки не почна најдобро, но потоа ја доби втората четвртина со 30-17, во третата домаќините беа уште поубедливи (34-19), носејќи радост на своите фанови. Мидлтон и Портис беа во главна улога со по 29 поени за победничкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА