Макси Лопез: Му простив се на Икарди…

Очигледно дојде време конечно да се стави точка на фудбалско-љубовниот триаголник, Макси Лопез – Ванда Нара – Икарди. А, точката ја става Макси Лопез… Уморен од прашањата на иста тема се одлучи да му прости на некогаш својот најдобар пријател, кој му ја презеде жената…

„Одлучив да бидам среќен и направив животен избор. Работите во животот може да одат по добар или лош тек… Мојата врска едноставно не успеа. Но, благодарение на неа станав татко и тоа е непроценливо нешто во животот. Сега избрав да живеам мирно, со многу позитивна енергија и добри вибрации“ – вели Макси Лопез.

Аргентинецот признава дека имал проблеми да се помири со фактот дека ќе мора радикално да го промени својот живот, но…

„Мислам дека ја одбрав најдобрата варијента. Сите имаат некои проблеми со кои мора да се изборат. Јас му простив се на Икарди и повеќе немам апсолутно никаков проблем со него. Мојата животна цел е да им овозможам максимална среќа на моите деца. Се останато за мене е далечно минато, страница која сум ја избришал. Повеќе не се оптоварувам во таа смисла“ – истакнува Макси Лопез.

Се вчитува...