АТП го казни третиот тенисер во светот, Александар Зверев со максимална казна по дивјачкиот испад на АТП турнирот во Акапулко.
АТП му изрече казна со одземање на заработените финансиски средства на турнирот во Акапулко (30.000 долари), плус и дополнителна казна од 40.000 долари. Исто така ќе ги загуби и освоените бодови на турнирот на кој ја бранеше титулата.
Тоа е максимална казна која АТП може да му ја изрече кој имаше неконтролиран испад со постојани удари со рекетот кон столчето на судијата, притоа и со испратени бројни пцовки и навреди кон судијата на мечот во двојки кој го играше заедно со Марсело Мело.
Најголемата казна за вербален напад која АТП може да ја изрече е 20.000 долари, а иста толкава е и за неспортско однесување. Зверев ги доби двете, а од АТП истакнаа дека и дополнително ќе го прегледаат инцидентот ако е неопходно и за дополнителни казни.
Германскиот тенисер по дивеењето следниот ден му се извини на судијата и на јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА