Максимална победа на шахистите против Панама, девојките загубија од Боливија

Машката шаховска репрезентација на Македонија ја запиша и втората победа на 43. Олимпијада во Батуми, Грузија, славејќи во 3. коло со максимални 4-0 против Панама.

По претходниот пораз од Молдавија, шахистите денеска беа немилосрдни против Панама. На сите четири табли победија Кирил Георгиев, Владимир Георгиев, Филип Панчевски и Никола Николовски.

Максимални три победи по првите три кола имаат селекциите на Франција, Полска, САД, Кина и Азербејџан.

Женската репрезентација, пак, во 3. коло загуби од Боловија со 1-3. Загубија на првите две табли Бејатовиќ и Стојкоска, а ремизираа Коскоска и Николовска.

Девојките по првите три кола имаат една победа против Свазиленд, и два порази од Унгарија и Боливија.

Се вчитува...