Максимални 0-3 и со Украина: Без прием на сервис успех на ЕП е невозможен

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе втор пораз на Евроволеј 2026, повторно со максимални 0-3 во сетови откако нашите одбојкари беа немоќни при сервисите на Украина.

Македонија имаше и повеќе од достоен отпор во играта во поле во првите два сета, но катастрофалниот прием на сервисот беше причина противникот да создаде предност и потоа да го контролира текот на резултатот. Македонија благодарение на храбрата игра успеваше да се врати, а во првиот сет при 24-22 бевме и жртви на огромен судиско превид, откако арбитрите не покажааа очигледна двојна игра на украинсски одбојкар и го доделија сетот на противникот.

Вториот сет беше копија на оној првиот, Украина се одлепи во раната фаза од сетот и имаше контрола, Македонија се приближи, но Украинците го добија сетот со идентични 25-22.

Отпорот на „црвено-жолтите“ беше целосно скршен, во третиот сет не функционираше ниту еден аспект од нашата игра, па Украина триумфираше со 25-10 и конечни 3-0 во сетови на овој натпревар.

Македонските одбојкари во рамките од третото коло, в недела во 18 часот ги очекува уште потешка задача, пресметка со фаворитот за медал, селекцијата на Полска.

Се вчитува...