Максимално израмнет скор со Ерменците – Да се реваншираме за последниот убедлив пораз (ВИДЕО)

Македонската репрезентација денеска од 15 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје со пресметката против Ерменија ги почнува настапите во Лигата Ц од УЕФА Лигата на нации.

Без сомнение, избраниците на Игор Ангеловски со победа посакуваат да ја стартуваат новата сезона во Лигата на нации, против селекцијата со која, ако се погледне статистиката, имаме максимално израмнет скор. Македонија и Ерменија досега имаат осум меѓусебни натпревари во историјата, притоа двете селекции со по три победи и две ремија. На домашен терен, во Скопје, од четири натпревари македонските репрезентативци имаат две победи, реми и пораз.

Ерменците имаат подобра гол разлика од 13-15. Тоа, благодарение единствено на убедливиот триумф во последниот меѓусебен дуел во Ереван кога Ерменија славеше со 4-0.

„Токму и тој убедлив пораз и наш мотив за реванш сега во Скопје. Сигурно ќе атакуваме на победа“ – истакна на вчерашната прес-конференција Стефан Ристовски.

Се вчитува...