Тренерот на Фленсбург, Мајк Макула не беше задоволен од играта на својот тим во поразот од Вардар, но добар дел од вината за истиот го насочи и кон судиската двојка на натпреварот.
„Сакам да честитам на Вардар за триумфот. Може да кажам дека противникот си ги искористи своите моменти, а ние направивме многу грешки, посебно во првиот дел. Но, не сум сигурен дека баш тоа го одлучи победникот. Вообичаено не сакам да зборувам за судењето, но сите видоа што се случи денеска кога станува збор за судењето. Ние воопшто немавме израмнети услови на паркетот и во една таква ситуација не можевме да се носиме соодветно. Сега ни останува да се фокусираме на следните натпревари“ – истакна Макула на прес-конференцијата по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА