Мал прекин во „Јане Сандански“: Повеќе од дозволено присутни навивачи, интервенција на полицијата

Првиот натпревар од финалето во кошаркарската лига меѓу МЗТ Скопје и Еуро Никел во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше прекинат во првото полувреме по интервенција на полицијата.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи интервенираа за празнење на дел од трибините каде беа присутни повеќе од дозволениот број навивачи, без соодветно почитување на протоколите пропишани за организација на спортски натпревари.

По краткиот прекин, натпреварот од финалето продолжи со тоа што дел од навивачите добија соодветно разместување на трибините во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...