Мала мајсторија – Прекрасен гол на Давид Бабунски за Омија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, член на генерацијата која настапи на ЕП во Полска, Давид Бабунски го запиша својот втор гол сезонава во дресот на јапонскиот второлигаш Омија.

Бабунски во 37. коло од шампионатот постигна прекрасен погодок со извонреден финиш во поразот на Омија од 2-3 пред своите навивачи од Токушима. Бабунски погоди во 22. минута од натпреварот за 1-1 во тие моменти.

Македонскиот фудбалер настапи до 61. минута на средбата кога беше заменет. Омија загуби можност за значајни бодови во трката за прволигашка промоција. Остана на третата позиција на табелата со 63 бода. Директен пласман во Првата лига на Јапонија обезбедуваат само првопласираните две екипи.

Се вчитува...