Малдини дециден: Леао не е на продажба!

Рафаел Леао одигра одлична сезона за Милан и го доби признанието за МВП на сезоната во Серија А. Младиот Португалец го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити кои го сакаат во своите редови.

Сепак, директорот на „росонерите“, Паоло Малдини потенцираше дека Леао не е на продажба и сигурно ќе остане на „Сан Сиро“ и следната сезона.

„Леао е супер интелигентен играч и често разговарам со него. Во овој момент Милан и Леао растат заедно и немаме намера да се разделиме. Во иднина работите можат да се променат, но сега не е на продажба. Тој е нашиот дијамант и може уште многу да напредува“, изјави Малдини.

Леао има договор со Милан до 2024 година и откупна клаузула од 150 милиони евра. Малдини започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш за продолжување на договорот до 2026 година и годишна плата од 6 милиони евра.

Се вчитува...