Малдини: Извинете, но и јас дознав за Суперлигата кога и вие

Паоло Малдини веќе две години е задолжен за донесување на спортските одлуки во Милан, но италијанската фудбалска легенда воопшто не била вклучена во разговорите за приклучување на клубот во Суперлигата на Европа.

Малдини денеска јавно им се извини на навивачите за случките во последните денови, потенцирајќи дека тој за целата ситуација бил информиран кога и сите останати – со заедничкото соопштение на клубовите за формирање на Супрлигата.

„Сакам да истакнам дека не бев вклучен во преговорите за Суперлигата. Дознав за неа кога и вие, со заедничкото соопштение на клубовите. Очигледно е дека за неа е договарано на повисоко ниво од мојата функција, што е збунувачки воопшто да не сум информирам. Сепак, тоа не ме исклучува од одговорност, па затоа се извинувам на навивачите, не само на Милан, туку на сите оние фудбалски фанови кои се почувствуваа предадени“, изјави Малдини.

Се вчитува...