Малдини останува технички директор во Милан

Поранешниот италијански фудбалер, Паоло Малдини останува технички директор во Милан, соопштија од клубот од „Сан сиро“.

Малдини кој одлично се снајде на оваа позиција, сигурно останува на неа и во наредните две години.

„Овој договор ја нагласува важноста за континуитетот на клубот, бидејќи продолжуваме да растеме и да бидеме уште посилни“, стои во соопштението на Милан. 

Малдини заедно со спортскиот директор Фредерико Масаро чив договор исто така е продолжен минатата сезона по пауза од 11 години успеаја да ја вратат титулата во Серија А.

Се вчитува...