Малдини воодушевен од Алварез: Бисерот на Ривер е нова трансфер мета на Милан

Милан размислува на засилувања за иднината и наследник на Златан Ибрахимовиќ во Милан. Еден од фудбалерите кои е желба на раководството на „росонерите“ е Хулиан Алварез од Ривер Плејт.

Италијанскиот тим има специјален скаут кој веќе подолго време ги следи настапите на овој 21 годишен голгетер, а извештаите се полни со пофални зборови. Паоло Малдини како главен фудбалски директор во клубот исто така е импресиониран од Аргентинецот и се подготвува за преговори со Ривер.

Сезонава на 38 натпревари во сите конкуренции има постигнато 15 голови. Постигна два гола на овогодинешното Суперкласико, односно на дербито со Бока јуниорс.

 

 

Се вчитува...