Малер без граници: Киеза пак се повреди, Алегри се „тресе“ и за Ди Марија

Јувентус прескапо ја плати синоќешната победа над Фрајбург во Лигата на Европа, откако повреди заработија Федерико Киеза и Анхел ди Марија.

Полошо мина Киеза, кој по еден спринт се пожали на болка во коленото и неколку минути му беше укажувана лекарска помош. Бидејќи Алегри веќе ги имаше искористено сите замени, италијанскиот репрезентативец се врати на теренот и ги одигра последните петнаесетина минути, жртвувајќи се за тимот иако беше очигледно дека тешко се движи.

Веднаш по натпреварот Анхел ди Марија, кој го постигна победничкиот гол, се пожалил на премореност и болка во нозете. Аргентинецот утрово бил забележан во клупската клиника на Јуве, а деталните лекарски прегледи ќе дадат одговор на прашањето дали и колку тој е повреден и кога повторно ќе му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.

Јувентус в недела ќе ја пречека екипата на Сампдорија, натпревар за кој Киеза и Ди Марија речиси сигурно нема да бидат во комбинација.

Се вчитува...