Малер до малер за Јуве – уште еден ас мора на операција

Јувентус ја отвори новата сезона со две победи, но Лучијано Спалети се соочува со огромни проблеми околу играчкиот ростер. Кенан Јилди се повреди во првото коло, мораше да биде опериран и ќе паузира најмалку три месеци, а Спалети остана без уште еден играч на подолг период откако беше утврдено дека и Кефрен Турам ќе мора да замине „под нож“.

Францускиот играч за врска воопшто не настапи од стартот на сезонава, лекарите се обидоа да го оспособат за побрз камбек, но откако стана јасно дека тоа е невозможно беше донесена одлука Турам да замине на операција на повреденото колено.

Французинот веќе замина за татковината, каде во Лион ќе биде опериран од Доктор Бертран Сонери – Коте, експерт за таков вид на повреди.

Првичните прогнози велат дека Турам ќе паузира најмалку четири месеци, што е јасен знак дека овој одличен фудбалер на терените ќе го видиме најрано на почетокот на 2027 година.

Се вчитува...