Малер и по короната – пак се повреди Марко Ројс

Малерите со повредите продолжуваат да го следат Марко Ројс и по продолжението на сезоната, откако беше обелоденето дека германскиот репрезентативец уште извесно време нема да биде во можност да му помогне на тимот на Борусија Дортмунд. Ројс не настапи на дербито со Шалке, но тренираше напорно во обид да биде подготвен за големото дерби со Баерн Минхен, закажано за 26 мај во Дортмунд.

Сепак, трката со времето заврши несреќно за малерозниот фудбалер, кој ги повредил и стапалото и мускулот на ногата. Веќе е стопроцентно сигурно дека тој нема да може да настапи против Баерн, а теоретски се шансите Ројс воопшто да се врати на терените до крајот на сезонава.

Капитенот на „милионерите“ е надвор од екипата уште од 1 февруари, кога последен пат настапи на дуелот со Унион Берлин. Борусија славеше на пет од последните шест средби без својот капитен, но јасно е дека неговото неиграње во клучниот дел од сезоната ќе биде сериозен проблем за тренерот Фавр.

Се вчитува...