Малер на крајот на тренингот: Се повреди Елиф Елмас

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Еден навидум непотребен дуел придонесе за малерозна повреда на Елиф Елмас на последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Летонија во Рига. Во дуел со голманот Дени Илиев, фудбалерот на Наполи се здоби со удар во скочниот зглоб и најверојатно нема да може да настапи на претстојниот меч.

Елмас веднаш е пренесен на медицински прегледи и допрва се очекува конкретна информација за нивото на повредата.

Се вчитува...