Малер си е малер – Дени Велбек пак се повреди

Дени Велбек по долга пауза конечно врза неколку натпревари во серија за Арсенал… само за повторно да заработи повреда на денешниот дерби дуел против Челси. Англискиот напаѓач мораше да биде заменет откако се пожали на болка во ногата, па иако не станува збор за повреда на коленото, Арсен Венгер сепак тврди дека проблемот е сериозен.

„Изгледа како проблем со мускулот, но не од тие наивните. Ќе видиме што ќе кажат лекарите по деталните прегледи“ – истакна Венгер.

Останува надежта дека не станува збор за ништо посериозно, па еден од најмалерозните фудбалери во Премиер-лигата да можеме наскоро повторно да го видиме на терените.

Се вчитува...