Малер за Кил – Дувњак пак се повреди

Кил игра извонредно сезонава, но „зебрите“ во наредниот период ќе мора да се снаоѓаат без помошта на Домагој Дувњак, по повредата што хрватскиот бек ја заработи на последниот меч со Хановер. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускул на левата нога, по што е препорачано мирување од најмалку еден месец.

Ова значи дека Хрватот ќе ги пропушти преостанатите две средби од Лигата на шампионите против Мотор и Монпелје, како и низа значајни натпревари на Кил во Бундес-лигата. Се очекува повредата да не се одрази врз настапот на Дувњак за Хрватска на претстојниот европски шампионат.

Кил моментно е првопласиран во групата на Вардар во Лигата на шампионите. „Зебрите“ ќе го пречекаат македонскиот првак во првото коло во 2020 година, закажано за 5 февруари.

Се вчитува...