Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар без ниту еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра.
Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски. Напаѓачот Христијан Малески вели дека
„Среќен сум што добив шанса. Секогаш гледам да дадам максимум за нашата репрезентација. Ова беше уште еден тврд и тежок натпревар. Треба да ги кренеме главите, да одиме во Швајцарија и да одиграме машки, да го дадеме тој гол и да почнеме да победуваме. Оваа Шкотска е моќна репрезентација. Прилично е тешко да се биде напаѓач на репрезентацијата во овој момент, бидејќи немаме постигнато гол. Сепак, се надевам дека ќе дојдат и головите“, изјави Малески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
