Малинков е нов тренер на Пелистер, Тодоровиќ заминува поради административни причини

Раководството на КК Пелистер се одлучи да му врачи отказ на српскиот стратег Зоран Тодоровски и на негово место да го назначи поранешниот тренер на Фени Индустри, Љупчо Малинков.

Од КК Пелистер преку соопштение до јавноста информираат за причините за тренерската смена:

Управата на КК Пелистер, АД Битола сака да изрази голема благодарност до кошаркарскиот селектор и тренер Зоран Тодоровиќ за неговиот ангажман и огромен придонес во развојот на битолската и македонската кошарка.

За жал оваа сезона, како и минатата, не успеавме да обезбедиме тренерска лиценца за шефот на нашиот стручен штаб поради критериумите и пропозициите од правилникот на тренерската организација при КФСМ и со тоа нам, и него, му беше скратено правото да ги води натпреварите како прв тренер.

Во тие отежнати околности дојдовме до заедничко решение за доброто на сите, односно, Зоран Тодоровиќ, да може да ја продолжи кариерата во друг клуб каде што ќе може непречено да ја извршува својата функција, а исто така и ние да можеме да ангажираме тренер кој ќе може да ја извршува непречено функцијата, шеф на стручен штаб во нашиот клуб и со тоа да пробаме да ги подобриме резултатите во оваа сезона.

Во оваа прилика уште еднаш да изразиме голема благодарност до Зоран Тодоровиќ и му посакуваме многу здравје и среќа во понатамошната кариера. Нашата соработка беше и ќе остане во иднина на високо ниво затоа што причината за спогодбено разидување е чисто од технички причини.

Изборот на нов тренер падна на долгогодишниот стратег на клупата на Фени Индустри и помошник во мак-сениорска репрезентација Љупчо Малинков, на кого му посакуваме добредојде и успех во останатиот дел на сезоната.

Се вчитува...