Малинков си замина од Фени, Самарџиев е нов тренер

Љупчо Малинков повеќе не е шеф на стручниот штаб на Фени индустри откако поранешниот првак на Македонија не успеа да обезбеди место во Супер-лигата. Кавадарчани долго време беа во зоната Топ 6, но потоа со поразите на домашен терен од Куманово и од МЗТ Скопје паднаа на седмата позиција, па наместо во Супер-лигата ќе се натпреваруваат во плејаут-лигата за опстанок.

Ова беше доволна причина за да биде донесена одлука за тренерска смена, а за нов кормилар е именуван Горан Самарџиев, кој му беше помошник на Малинков во текот на оваа сезона.

„Ова е голем предизвик за мене и се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба. Фундербург денеска замина во Блокотехна, а покрај него ќе си заминaт уште Мајер и Сапунџиев, сите останати кошаркари ќе останат до крајот на сезонава. Опстанокот реално е осигуран, па повеќе шанса во остатокот од првенството ќе им дадам на локалните кошаркари од Кавадарци“ – истакна Самарџиев за ЕКИПА.

Се вчитува...