Малку му е една – Ѓоковиќ оди по две златни медали во Токио

Новак Ѓоковиќ е огромен фаворит за златниот медал во машки сингл на Олимписките Игри во Токио, а според последните информации Србинот ќе атакува и на второ најсјајно одличје на најмасовното спортско натпреварување.

Најдобрата српска тенисерка, Нина Стојановиќ, пред тргнувањето на пат за Јапонија обелодени дека се големи шансите да заигра во мешан дубл заедно со Ѓоковиќ.

„Првпат патувам на едни Олимписки Игри, тоа е сон на секој спортист. Ќе дадам се од себе за да ја претставам Србија што подобро. Ќе играм сингл, потоа дубл со Александра Круниќ, а најверојатно и микс-дубл со Новак Ѓоковиќ. Тоа би ми значело многу бидејќи би научила многу од Новак, воедно и би биле сериозни конкуренти за медал“, изјави Стојановиќ.

Се вчитува...