Малку пиво, малку музика – весело е пред „Ланксес арена“ (фотогалерија)

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Опуштена и максимално позитивна атмосфера може да се забележи на лицата од околу илјада ракометни фанови кои се собраа вечерва околу „Ланксес арена“, како „загревање“ за утрешниот почеток на фајналфор турнирот во Келн.

Околу бината на која концерт одржа германска рок-група забележливи се фанови во дресови на сите полуфиналисти, најбројни се оние унгарските, но во значаен број ги има и Македонците, кои сигурно во многу поголем број ќе се најдат утре на трибините на „Ланксес арена“.

Ф4 турнирот во Келн дефинитивно е спектакл, а присуството на македонскиот првак само додава дополнителен шарм на овој спортски настан.

[new_royalslider id=”667″]

Се вчитува...