Малку светлина и од Фенер: Победа против Химки (89-76)

Кошаркарите на Фенербахче, во сезоната во која играат далеку под очекувањата на своите навивачи, стигнаа и до четвртата победа во Евролигата. Во 11. коло од најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување турскиот состав пред своите навивачи дојде до победа против руски Химки со 89-76.

Тимот на Жељко Обрадовиќ конечно заигра онака како што треба во одбраната, во пресудните моменти од мечот па сосема заслужено дојде до победата. По израмнетото прво полувреме кое гостите го добија со пет поени предност, клучна беше третата четвртина која му припадна на Фенербахче со 21-6. Сето тоа беше одлучувачко за помирен финиш на Турците која ја чуваа предноста до крајот на натпреварот за конечни 89-76.

Најефикасен во победничкиот тим беше Луиџи Датоме со 20 поени, дополнети и со четири скока, а Махматоглу мечот го заврши со 19 поени. Во поразениот тим Јанис Тима со 26 запишани поени.

Се вчитува...