Малме и Ракип со шампионската титула во Шведска

Со нерешениот резултат 0:0 против Халмштад дома, екипата на Малме дојде до титулата во шампионатот на Шведска. Со тоа македонскиот репрезентативец Ердал Ракип се закити со шампионскиот пехар во шведското првенство.

Малме заврши со исто бодови со АИК, кој денеска триумфираше, но на крајот „сините“ се радуваат на трофејот.

Ердал Ракип доби шанса во 21. минута да влезе во игра на последниот меч сезонава, поради повредата на Левицки. Инаку Малме го очекува натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус во Торино, со што ќе ги заврши настапите оваа година. Малме и Ракип немаат никакви шанси да се пласираат на третата позиција и да обезбедат пласман во Лигата на Европа.

Се вчитува...